Пуканките – калориски бомби ?!

Објавено на 10 октомври, 2014 во 07:00

Иако често ги обвинуваат како еден од главните фактори за прекумерна телесна тежина, последните истражувања покажуваат дека пуканките се всушност многу здрави – содржат големи количини на бета каротен и антиоксиданси.

Секако, клучот е во нивното приготвување. Додавањето на путер или масло ја зголемува калориската вредност, а ги намалува нивните хранливи својства. Но дали се навистина пуканките калориски бомби?

Просечната калориска вредност на 100 гр пуканки се движи од 450 до 650 калории. Тоа значи дека, ако изедете околу 200 грама пуканки додека гледате филм или фудбалски натпревар, во организмот практично сте внеле 1000 непотребни калории.

Но, тука следува изненадување. Професорот по хемија Др. Винсон од Универзитетот Скрантон скоро ги објави своите истражувања со кои пуканките се издигнуваат на пиедесталот на здравата храна како најголем извор на антиоксиданти. Оваа вест веднаш го обиколи светот бидејќи имаше фантастична порака (особено за љубителите на пуканки) која гласеше – заборавете на калориите и навалете на пуканки!

Се чини дека Проф. Др. Винсон само ги потврди постоечките аналитички податоци, дека пуканките содржат бета каротен (66 мсг на 100 гр) и комбинација на лутеин и зеаксантин (1087 мсг на 100 гр). Ако на пуканките им се додадат масти кои значително делуваат на органолептичките својства, енергетската вредност на пуканките расте, а количината на здравите состојки постепено опаѓа.

На пример, ако пуканките се направени со масло, тогаш количините на лутеин и зеаксантин се намалуваат за 20-25%, додека, ако пуканките се направени во микробранова печка без додаток на масло или путер, тогаш вредностите на здравите материи не опаѓаат.

Просечната масност на пуканките, без додаток на масло или путер, изнесува 9.5 гр на 100 гр. Кога ќе се додадат дополнителни масти, како на пример масло за готвење, количеството на маснотии во пуканките драматично се зголемува и достигнува дури 43.5 гр на 100 гр пуканки.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.