Стоп за лошите бизнис навики
Лошите бизнис навики се грешки кои ги правиме бидејќи сметате дека се нешто природно. Ги правиме секојдневно, а многу често и не ги забележуваме. Шансите се големи тие да ги иритираат нашите соработници и се тема за озборување зад нашиот грб. Сега, обидете се да ги препознаете и да ги запрете пред да биде предоцна.
Инсистирате да бидете во “кругот”
Го помните изразот “Гледај си ја својата работа?”. Е сега поставете си го прашањето дали сте премногу љубопитни? Дали сакате да ги дознаете сите најнови трачеви на работното место? Она што навистина ги иритира луѓето е кога индивидуи бараат да бидат информирани за секој мал детал кој се случува на работното место. Затоа кога следниот пат ќе ги слушнете вашите колеги како озборуваат, размислете два пати дали да се приклучите на конверзацијата или ќе останете по страна.
Неподготвени сте
Појавувањето на состанок неподготвени одзема од времето на другите луѓе. Не само што изгледа лошо туку и доколку го поминете состанокот обидувајќи се да се вклопите во темата, вашите соработници ќе помислат дека е подобро и да не се појавевте воопшто. Ако ја прекинувате конверзацијата со прашања кои веќе требавте да ги знаете, состанокот ќе биде непродуктивен и тоа само поради вас. Затоа, створете навика да си дадете 15 минути време пред секој состанок за да се подготвите. Тоа е добра навика која ќе ве држи на врвот.
Вие сте премногу “да господине” човек
Едно од нештата кое луѓето најмногу го мразат е “подлизурко”. Некој кој постојано се обидува да се здобие со одобрување од својот шеф, секогаш ама секогаш изгледа неверојатно иритирачки. Некогаш е подобро да му се спротивставите на вашиот шеф, кога сметате дека тој не е во право. Често постојат ситуации кога треба да се изборите за себе, за својот тим и вашите соработници. Ако ова не умеете да го сторите ќе ве сметаат за слабак и нема да ве почитуваат.
Премногу го изложувате во јавност вашиот приватен живот
Не ја правете грешката со тоа што ќе мислите дека сите се заинтересирани за она што се случува со вас надвор од работното време. Многумина тоа не ги интересира но се премногу љубезни да ви дадат до знаење. Ако се однесувате премногу природно ќе изгледате премногу непрофесионално. Затоа, не ги доживувајте вашите колеги како “стари пријатели” и не откривајте премногу за себе.
Си заминувате со работите на другите луѓе
Можеби изгледа како ситница, но луѓето ги иритира кога вие си заминувате со нивните лични предмети. Се создава непријатна ситуација кога тие ќе треба да се појават пред вас за да си го земат назад пенкалото, дигитронот или пак другите предмети кои несакајќи сте ги “собрале” од нивната маса. Затоа, обидете се рацете да ги држите крај себе, и да не дозволите тие да шараат по туѓата работна маса.
Прегласни сте додека зборувате по телефон
Дали сте свесни за јачината на вашиот глас додека зборувате по телефон? На многу луѓе им пречи гласното зборување и ги деконцентрира во работата. Ако работите во отворена средина ова може многу да придонесе за намалување на продуктивноста во работата на вашите колеги.
Вие сте зборлест и репетитивен
Дали ви се потребни пет минути да пренесете едноставна информација или порака? Ако е така тогаш луѓето иако ќе сакаат да го скратат вашето излагање тие ќе продолжат да ве слушаат поради пристојност, но нивниот ум ќе одлета на некое друго место. Ако сакате да дознаете дали сте зборлест, обрнете внимание на однесувањето на луѓето додека вие зборувате. Ако тие се обидуваат полека да се придвижат наназад или пак ако нивните очи шараат наоколу тоа значи дека треба да замолчите!
Испраќате здодевни сериски меилови
Друга работа е доколку испратите статија која ќе помогне во работата. Доколку го кликнувате копчето “сенд” секои пет минути и го полните инбоксот на вашите колеги со глупави меилови и шеги, само губите време и овозможувате навистина важните меилови да поминат незабележано. Исто така користењето на компјутерски речник, сленг, акроними и жаргон во вашите официјални мејлови ќе бидат причина за чудната гримаса на лицето на вашите колеги кога ќе ги читаат. Не зборувате на тој начин нели?
Ги прекинувате другите додека зборуваат
Дали навистина верувате дека она што вие имате да го кажете е толку важно што мора да ги прекинете другите додека зборуваат? Можеби сметате дека ќе бидете голгетер со тоа што ќе објавите подобра солуција пред другата личност да ја заврши мислата, но правејќи го тоа вие ќе бидете ништо повеќе од само непристоен и иритирачки колега.
Правите се според книга
Вие прифативте се како што пишува во книгата или прирачникот и се однесувате така, но дали се уште не сте сфатиле дека во реалниот живот не оди се како на хартија? Ако е така време е да ја затворите книгата. Теоријата ни ја дава основата на нашето знаење, но протоколот треба и може да биде заобиколен понекогаш. Непредвидените нешта кријат во себе креативни солуции на кои вашиот професор никогаш не ве научил.
