Градете ја и зацврстете Вашата самодоверба
Самодовербата не е одважност, ароганција и себичност. Луѓето кои така се претставуваат всушност се многу несигурни, иако на прв поглед оддаваат впечаток на крајно самоуверени личности. Вистинската самодоверба е способноста за прифаќање и сакање на себеси со сите мани и позитивни страни. Предуслов за стекнување самодоверба е да се прифатиме себеси, баш онакви какви сме.
Самодовербата е нешто што може да се стекне доколку личноста работи на себе и на своето однесување. Најпрвин, потребно е да се согледаат причините поради кои немате самодоверба, што е тоа што ве кочи да сте самоуверени. Станете свесни за фактот дека извор на сите проблеми се стравовите и негативните мисли за себе, лошата претстава за себе како лоша, невредна личност, често самоосудување за неуспесите.
Најважна е одлуката за промена! Одлуката за менување на лошите навики, негативното однесување и размислување. Тоа е подготвеност да тргнете понатаму во оставрувањето на сопствените цели, свесни дека нема да биде лесно, но подготвени да дадете сѐ од себе и да истраете.
Треба да почнете да се сакате и почитувате, да се самомотивирате и наградувате за секој успех, колку и да е тој мал. Дури и за напорот што сте го вложиле во нешто. Правете го тоа постојано сѐ додека не почнете да се сакате себеси како што заслужувате. Негативните ставови заменете ги со позитивни, обидете се на конструктивен начин да се ослободите и од стравовите. Прифаќајте се себеси со сите маани и недостатоци и работете на тоа да ги намалите.
Заборавете на тоа што мислат другите, ослободете се од тој товар врз кој никако не можете да влијаете. Секогаш ќе има некој што нема да ве прифаќа позитивно. Но, тоа не е крај на светот. Вие сте најважни. Лошите критики од другите луѓе не смеат да ни влијаат негативно, треба да се „стекне имунитет“ на туѓите мислења и завист.
Бидете почесто во средина на позитивни луѓе, кои секогаш се тука за вас со насмевка, со позитивен став кон она што го правите, во чие друштво ќе се чувствувате пријатно и опуштено. Не плашете се да прекинете пријателства или врски од кој било вид кои веќе немаат смисла, кои ве влечат надолу и поради кои се чувствувате помалку вредно и лошо.
Бидете свои и бидете среќни! Животот е премногу краток за да го минуваме во самообвинување и црни мисли.
• Измислете ја сопствената самодоверба
• Поставете си реални очекувања
• Оставете ја совршеноста и свртете се кон остварувањето…и грешките
• Спознајте се себеси
• Престанете да се споредувате со другите
Изградбата на самодовербата бара посветеност и време, но наградата е голема. ЛУѓето кои тргнале по овој пат знаат да кажат дека тоа е најголемата авантура во животот – и токму така треба да се гледа на овој процес.
Ако се одлучите за оваа голема животна промена, некогаш е најдобро да одберете стручњак кој ќе ви се најде кога ќе ви треба, а денес има многу терапевти кои можат да ви помогнат во тоа. Потрудете се и самите истражете ги и откријте ги методите кои најдобро ви одговараат. Противниците на ова ќе кажат дека тоа (посетата на психијатар) е само уште еден начин на фрлање пари, но сетете се баш на какви неважни работи во животот обично трошите пари.
Ова би можело да ви биде најдобрата инвестиција во животот. Освен тоа, постојат и еден куп книги кои можеби ќе ве препородат. Можности има многу, а на вас е да одберете некоја и да го започнете највозбудливиот пат – истражување на самиот себе…
