Крвната група открива какви сте во кревет

Објавено на 28 октомври, 2014 во 08:08

Токму кога мислевме дека се сме слушнале, дознавме за едно помалку чудно верување во Јапонија. Оваа култура верува дека крвната група е еднакво заслужна за одредени особини на луѓето како и хороскопскиот знак, па преку неа е возможно да одредите и каков љубовен живот ве очекува.

Група А

Луѓето со оваа крвна група се искрени, осетливи, стрпливи и резервирани. Добри партнери се и на нив можете да се потпрете. Најверојатно не се премногу забавни  во кревет, но ќе го надополнат тоа со одличните вештини на социјализација, па затоа се одлично друштво за вечера. Многу се добри кога на некој му треба емотивна подршка, одлични родители се и добро се снаоѓаат во стресни ситуации.

Група Б

Диви, страствени, креативни, силни – оваа крвна група е идеална за избегнување во Јапонија. Во врска се лоши – себични и неодговорни, но понекогаш тоа и го бараме.

Група АБ

Ладна глава, смирени, рационални личности со изразена друштвена нота. Лесно се прилагодуваат во било која ситуација. За врска се одлични, но на едно морате да бидете спремни – луѓето со оваа крвна група никогаш нема да ја возвратат љубовта во еднаква мерка со која ја добиваат. Покрај тоа, одлично друштво се за забави, а единствена мана им е преголемата критичност.

Група 0

Друштвени и оптимисти, личностите со оваа крвна група лесно ќе се сложуваат со својот партнер. Топли личности се, а тоа го комбинираат со одлично чувство за романтика. Покрај романтичната страна имаат и лоши страни, љубоморни се, арогантни и нема да изненади ако мислат дека имаат право да го проверуваат телефонот на својот партнер.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.