Евакуирани посетителите во скопската зоолошка, слон удри во струен столб!
Објавено на 25 јули, 2020 во 21:36
25.07.2020
Во зоолошката градина денеска се случил инцидент откако еден од слоновите удрил во струен столб, при што веднаш реагирало обезбедувањето и посетителите биле безбедно евакуирани.
Посетата во Зоолошката градина продолжила, а прекинот траел само 15 минути.
– Слоницата Даела е во ПМС и малку е поенергична во овој период, таа ја турнала својата другарка која го бутнала столпчето. Немаше прекин на електрична енергија, а слоновите се здрави, живи и безбедни. Посетителите биле замолени да го напуштат реонот поради безбедносни протоколи. Столбот е веднаш саниран и нема никакви причини за загриженост, појануваат од Зоолошката градина.