Дујмиќ слета од автопат, излета од автомобилот: Има тешки повреди на главата

Објавено: 30 јули, 2020, во 10:34 часот

RajkoDujmic fin

30.07.2020

Хрватскиот музичар и поранешен фронтмен на „Нови фосили“, Рајко Дујмиќ, добил тешки повреди на главата во сообраќајната незгода кога слетал од патот и испаднал од автомобилот, потврдила полицијата на Ријека.

Според последните информации, што ги пренесе „24 sata.hr“, Дујмиќ се наоѓа во болницата на Сушак, на одделението за интензивна нега и е во стабилна состојба.

„Сопругата го видела Дујмиќ во болницата, имал тешки повреди на главата, тоа е сè што знам“, рекол извор за хрватски „24 sata“.

Неговата сопруга Снежана се огласи на социјалните мрежи.

-Ве молам, молете се да се разбуди од кома“, објави Снежана на нејзиниот фејсбук-профил.

Извор: 24 sata.hr

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.