(Видео) Како изгледа животот на -50 степени?
Објавено: 11 јануари, 2024, во 11:08 часот
Во Јакутск, главниот град на Република Јакутија се измерени -50 степени Целзиусови. Жителите на овој град ги покриваат автомобилите со специјални јоргани за да можат да ги стартуваат.
Децата од помлади одделенија не одат на училиште поради големиот мраз, а претседателот на Русија Владимир Путин не можеше да лета од Чукотка до Јакутија поради лошите временски услови.
Дума.мк


