Јахтата на Дејвид Боуви се продава за 4,85 милиони евра

Јахтата што некогаш му припаѓала на британскиот пејач, текстописец и актер Дејвид Боуви е понудена на продажба.
Јахтата „Ел Каран“ е долга 39 метри и ја направила италијанската компанија „Бенети“, која му ја доставила на легендарниот Боуви во 1977 година.
Оваа јахта претрпела промени во 2020 година и сега може да прими до 12 гости во шесте кабини, а внатрешноста е целосно реновирана. Внатрешниот дизајн е на дизајнерката Симона Ламбоглиа.
На гостите им е на располагање палубата која е одлично место за сончање или танцување, а внатре има трпезарија со главниот салон и дневен простор. Кабините се опремени со големи телевизори и бањи со кади. Јахтата нуди и сместување за седумчлен екипаж.
Внатрешноста е украсена со слики и содржи мебел чиј дизајн е инспириран од стилот на 1960-тите. Максималниот домет на јахтата е 4.000 наутички милји. Го придвижуваат два „MTU“ мотори кои развиваат „824 КС“ и кои редовно се сервисираат.
Боуви ја користел јахтата во 1980-тите и почина во 2016 година. Неговата поранешна јахта сега се продава по цена од 4,85 милиони евра.
