Лозано има нова песна: „После полноќ“ ќе ве „зарази“ уште на прво слушање (видео)

Објавено на 11 април, 2022 во 12:08

По подолго време една од нашите најголеми музички ѕвезди – Влатко Лозаноски – Лозано, конечно ја објави својата најнова песна.

„После полноќ“ е името на новата нумера и дефинитивно таа ќе биде пријатно изненадување за публиката.

Иако можеби повеќето очекуваа дека Лозано повторно ќе објави песна слична на претходната, тој и неговиот тим, продуцентите Лазар Цветкоски и Ена Цветкоска создадоа ремек-дело со светски звук.

– Презадоволен сум тоа како звучи песната, а се разбира и од тоа како изгледа видеоспотот. Сега останува само публиката да си го каже своето, јас сум сигурен дека ќе им се допадне – изјави накусо Лозано.

Како режисер на видеоспотот се потпишува познатиот Даниел Јовески со кого Влатко соработува веќе неколку години, додека, пак, за стајлингот и овојпат беше задолжен Андреј Ѓоргиевски – Папаз.

Инаку ова е само најава за она што допрва ќе следи од Лозано и неговиот тим. Тие веќе имаат подготвено неколку нови песни, а деновиве се работи и на сценариото за новиот видеоспот кој треба да почне да се снима многу брзо, а тоа значи уште една нова песна во блиска иднина…

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.