Метеор го осветли небото над Норвешка: Се верува дека паднал во близина на Осло

Некои отворија прозорци и врати затоа што почувствуваа промена во притисокот на воздухот. Новинар од норвешкиот весник Верденс Ган, го опиша метеорот како огнена топка во воздухот што го осветлува целото небо.
„Голем метеор во саботата вечерта го осветли небото над Норвешка и можеше да се види и од Шведска, објавија локалните медиуми.
Сведоците контактирале со полицијата кога виделе исклучително силна светлина и слушнале силен шум, објавија норвешките медиуми во неделата.
Meteor in Oslo pic.twitter.com/HodXe9RfrF
— Mikael Berg (@mikaelberg2k) July 24, 2021
Светлината можеше да се види по 1 часот по полноќ, по локално време на југот на Норвешка, но и во Шведска. Експертите веруваат дека делови од метеорот паднале западно од главниот град Осло.
Вегард Ландби од норвешката мрежа за следење на метеори изјави дека во моментов трагаат по остатоците од метеорите на Земјата кои можат да тежат неколку килограми.
Големината на метеорот сè уште не е позната, но извештаите покажуваат дека тој бил доста голем. Некои претпоставуваат дека тежи неколку десетици килограми. Според ВГ, научниците веруваат дека метеорот пристигнал од појасот на астероид помеѓу Марс и Јупитер.
