Младиот велешанец, пеачот Александар Темелков се оствари во најважната улога во животот – доби син

Објавено на 11 јануари, 2024 во 12:18

Александар Темелков, младиот велешки пеач кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ на 9 јануари, годинава, се оствари во најважната улога во животот – стана татко.

Тој радосната вест дека заедно со неговата сопруга Сара станаа родители ја сподели веднаш на своите социјални мрежи како фејсбук и инстаграм. На фејсбук за помалку од еден час собра повеќе од 1000 лајкови и коментари со искрени честитки од своите роднини, пријате и фанови.

„Почитувани фанови и пријатели, јас и мојата сопруга Сара станавме родители. Ни се роди нашиот принц, ти благодарам Господе за овој дар“, напиша Александар на својот фејсбук профил.

Им упатуваме искрени честитки со многу здравје и среќни денови поминати заедно со својот син!

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License