Слаткаристика со нова песна и спот
Слаткаристика, на социјалните мрежи го промовираше новиот видео запис и сингл насловен како “Тик-Так“. Гостин на истата e најпопуларниот, истакнат артист и автор од соседна Бугарија, Криско кој за прв пат соработува со наш, Македонски артист.
Спотот е работен во продукција на Иноватива Груп, a во реализација на Флукс продукција. Текстот на песната е на Слаткаристика, а музиката и аранжманот на “Тик-Так“ ги изработиja Иван и Јован Јованови.
Новиот видео запис за песната “Тик-Так“ само по неколку часа од премиерното пуштањето на YouTube мрежата ги преплави социјалните мрежи, a публиката од Македонија и Балканот веднаш го прифати новиот дует/проект на Слаткаристика заедно со Криско. Во продолжение погледнете го новиот видео запис за песната “Тик-так“.
Уживајте…