Макфест: Комплетирана листата за настап на финалната вечер

Објавено на 28 октомври, 2012 во 13:13

Иван Раденов е дебитантот кој е фаворит на публиката соосвоени 311 гласа, додека фаворитот од категоријата популарни изведувачи е Биба Додева со 284 гласа. Веднаш по неа се Денис Мурат, Емилија Гиевска и Филип Јордановски, Влатко Илиевски, Емил Арсов. Публиката си го кажа своето, но и жирито. Тие ја комплетираа целата листа на изведувачи за вечерашната финална вечер на Макфест 2012.

Таа е составена од 22 композиции, а од популаринте пејачи меѓу нив се Верица Пандиловска, Александра Пилева, Христијан Тодоровски Кико, Влатко Илиевски, Тамара Тодевска, Биба Додева, а еве го редоследот:

 

1.АнтониоТасевски-Дим

2.Амајлија Бенд-Тивко следи ме

3.Давид Гром-Виновна за се

4.Victory-Не ме заслужуваш

5.Јасмин Алиевски-Далеку од тебе

6.Верица Пандиловска-Можеби сум луда

7.Ангелина Стојаноска-Слаба на тебе

8.Александра Пилева-Подари ми

9.Христијан Тодороски Кико-Одиме до крај на граници

10.Лејла Хот-Љубав пролази крај нас

11.Сара Маркоска-После него

12.Иван Раденов-Кога си одиш

13.Фани Христова и Игор Митровиќ-Далеку од овде

14.Емил Арсов-Главна Улога

15.Пи Ем-Без причина

16.Соња Кочиќ-Мојот Сон

17.Влатко Илиевски-Нека биде по твое

18.Емилија и Филип-Можеш да ми правиш се

19.Тамара Тодевска-Готово е

20.Александар Белов и Милица Мајсторовиќ-Пази ме ти

21.Денис Мурат-Нова Страница

22.Биба Додева-Сети се штом заврне

Не пропуштајте ја финалната вечер на Макфест 2012, вечерва 20.30 часот во Домот на културата Ацо Шопов во Штип, Дума.мк ве известува за сите новитети. Бидете со нас.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.