И Бугарија со нова песна на Евровизија
Бугарската национална телевизија ја дисквалификува песната „Кисмет“, која првично требаше да ја претставува Бугарија на Евровизија во Малме. Наместо неа, на настанот ќе учествува второпласираната песна „Само шампиони“, во изведба на дуетот Елица и Стојан. Песната „Кисмет“ беше избрана на 3 март годинава, со гласови од публиката и од стручно жири составено од музички професионалци.
Тамара Еклстон, богатата наследничка и ќерка на челникот на Формула 1 Берни Еклстон, ќе се најде на насловната страна на списанието Плејбој.
Оваа нумера мораше да биде повлечена поради проблеми околу авторските права со еден од авторите на песната, Џонатан Тесеи, музичар и продуцент од Аргентина. Имено, Тесеи не бил консултиран за конечната верзија на песната.
Бидејќи евровизиските правила наложуваат дека конечната аудиоверзија од натпреварувачката нумера мора да биде испратена најдоцна до 18 март, Бугарија одлучи да учествува на изборот со песната „Само шампиони“. Оваа песна беше прва според гласовите на жирито, но беше второпласирана според гласовите на телевизиската публика.
Изведувачите Елица Тодорова и Стојан Јанкулов изјавија дека ја поддржуваат ваквата одлука на бугарската национална телевизија и дека ќе дадат сж од себе да ја претстават Бугарија во најдобро светло.
