Еве ја песната што ќе ја претставува Црна Гора во Малме
Објавено на 16 март, 2013 во 19:43
Црногорската група Who See во придружба на Нина Жижиќ со песната „Игранка“ ќе ги брани боите на Црна Гора на Евровизија во Малме оваа година.
Автор на музиката е Скај Виклер, кој заедно со членовите на бендот го напиша и текстот, а за аранжманот се погржија Скај заедно со Жељко Вељковиќ.
Видеото и песната веќе станаа хит на интернет порталите, погледнете го и вие, па проценете дали Црногорците одбрале вистинска песна и изведувачи за натпреварот за песна на Европа.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=8BmHI_57vJk{/youtube}