Бритни пее песна за „Штрумфовите“
Песната која Бритни Спирс ја најави како песна за „нејзините момци“ е една од нумерите кои ќе се најдат на саундтракот за продолжението на филмот „Штрумфови 2“. Песната „Oh La La“, ќе се слушне на одјавната шпица на филмот, а продукцијата е на Лукас (Д-р Лук), со кој Спирс соработуваше за нејзиниот албум „Femme Fatale“.
„Штрумвофите ги сакав уште како дете, а моите синови се најголемите фанови на овој цртан филм. Сакав да ги изненадам со песна во филмот. Знам дека ќе мислат дека е штрумфастична!“ – изјавила Бритни.
Покрај Бритни, во екипата се појавува уште едно познато пејачко име, а тоа е Кејти Пери, која повторно ќе го позајми гласот за Штрумфета. Во продолжение погледнете го промотивниот трејлер за филмот./В.Р
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=vQbSGLaVJ5c#at=54{/youtube}