АББА и Авичи ја „пишуваат приказната“ за Евровизија

Објавено на 22 април, 2013 во 17:27

Бјорн Улваеус (Björn Ulvaeus) и Бени Андерсон (Benny Andersson), познатите композитори и изведувачи на уште попознатата шведска група АББА напишаа песна за овогодинешното издание на Евровизија, кое ќе се одржува токму во Шведска.

Познатиот двоец и шведскиот диџеј и продуцент Авичи (Avicii) ги здружија силите и ја напишаа нумерата насловена „We Write the Story“, која ќе биде премиерно изведена на овогодинешниот Евросонг, кој ќе се одржува на 18-ти мај во шведскиот град Малме, воедно шести пат оваа манифестација да се одржува во Шведска.

„Со огромно задоволство објавуваме дека Бени, Бројн и Авичи се согласија да ја компонираат единствената музичка композиција за овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија“ – изјавил извршниот продуцент Мартин Остердал. Андерсон и Улваеус додадоа: „Нашето согласување доводе со соработка со Авичи на нов музички материјал, сето тоа со взаемно разбирање и пријателство. И беше многу забавно и инспиративно.“

Андерсон и Улваеус и колешките Агнета Фалтског и Фрида Лингстад беа заедно повеќе децении во легендарната група АББА, која патот кон популарноста го започна токму со победата на Евросонг во 1974 година со песната „Waterloo“. Минатата година компилацијата од најголемите хитови на групата насловена „Gold“ беше прогласена за најпродавано ЦД издание на сите времиња во Велика Британија, со тираж од импресивни 4 милиони примероци, а во светски рамки се проценува дека АББА има продадено неверојатни преку 370 милиони примероци од своите албуми и синглови.

Извор: NME

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.