Бијонсе објави снимка од концертот во Белград
Објавено на 23 април, 2013 во 23:37
Поп ѕвездата Бијонсе објави снимка од концертот во „Комбанк арена“ во Белград. Видеото е кратко, трае само минута и триесет секунди, но во него се содржани најубавите моменти од концертот.
Од појавувањето на сцената, до летот од едната до другата бина, па се до емотивната завршница со баладата „Halo“, Бијонсе во текот на белградскиот концерт ги воодушевуваше фановите во секој момент.
Оние кои што беа дел од концертот можат да се потсетат на убавите моменти, а оние кои што ја пропуштиле можноста да уживаат во вистински концерт, можат да го погледнат видеото и за нареден пат да ја научат лекцијата./В.Р
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=ARiqFPWiNq8{/youtube}