ВИДЕО: Првата тонска проба на Есма и Влатко

Објавено на 8 мај, 2013 во 15:36

Нашите евровизиски претставници Есма и Лозано по вчерашното пристигнување во шведскиот град Малме, каде од 16 до 18 мај ќе се одржи годинашното 58.издание на „Евросонг 2013, веќе ја одржаа и првата тонска проба.

На самата проба, Есма беше облечена во убав виолетов долг фустан, но   на полуфиналето, на 16 мај ќе се појави во креација на Елена Лука, во боите на македонското знаме, украсен со Сваровски кристали. Додека  за облеката на Влатко, која ќе биде во црно-бела комбинација се погрижија Викторија Арсовска и Андреј  Ѓорѓиовски.

За време на  нашиот настап ќе има и посебна игра со светлината, на која веќе се работи.

Погледнете ја пробата на Есма и Влатко:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=IZ99M2nW6KE{/youtube}

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.