Зелено светло за Сара Маркоска
Објавено на 9 мај, 2013 во 16:24
Победничката на македонскиот фестивал на забавни мелодии Макфест 2012, Сара Маркоска, ја израдува својата публика со нова песна која истовремено доби и видео запис. Во нумерата „Зелено светло“ што е снимена во студиото на Дарко Димитров, а е авторско дело на хитмејкерот Лазар Цветкоски со текст на Магдалена Цветкоска Ена, на Сара и гостува еден од најдобрите Р&Б артисти во Македонија- Панчо од ДНК.
Видеото е изработено од Томато Продукција, а Сара ги покаува своите афинитети кон танцот, заедно со членовите на балетското студио „Еурека“. Фустанот кој таа го носи е дело на познатата дизајнерка Тања Колев.
„Зелено светло“ на Сара Овде:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=2bKIP5KhiJY{/youtube}