Есма и Влатко со најлош пласман до сега!
Објавено на 19 мај, 2013 во 11:14
Македонските претставници на годинешниот избор за песна на Евровизија, Есма и Влатко во втората полуфинална вечер завршиле на 16 место од вкупно 17 претставници.
Есма и Влатко ги добиле следниве поени:
2 од Сан Марино
4 од Швајцарија
5 од Бугарија и Малта
и 12 од Албанија.
Есма и Влатко имаа вкупно 28 поени и завршија на претпоследното место, а победник во втората полуфинална вечер е Азербејџан со освоени 139 поени. Единствено Летонија е позади нас на 17 место со освоени 13 поени.
Со ова Македонија го забележува најлошиот пласман на Евровизија до сега./В.Р