ВИДЕО: Јоце Панов – „Зовем те мила“
Песната „Зовем те мила“ е љубовна балада која е снимена со големи емоции, а придружен вокал на Јоце во новата песна е Наде Талевска. Како автор на музиката, текстот и аранжманот се потпишува Роберто Поп Димитров и неговата Кентаур Продукција. Видео записот се снимаше на атрактивни локации низ Македонија, од кои едната е велешкото „Езеро Младост“, под режисерката палка на Дарио Јанковиќ.
Песната својата официјална промоција ја доживеа во саботата во преполниот „Клуб Милениум“. Гостите премиерно ја слушнаа новата песна, а сега можат да го видат и видео записот. Јоце по пуштањето во етер на оваа песна, заминува во Загреб за да ги доврши новите материјали на кои работи со Миро Буљан./В.Р
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=2zPJD004HWY{/youtube}