Пејачот Јоце Панов ја промовираше „Моја најдобра“
Објавено на 7 март, 2014 во 07:07
Станува збор за најновата тема на Панов. Песната е снимена во Белград, а е авторско дело на Владо Јаневски (текст), Бане Опачиќ (музика) и Алек Алексов (аранжман и продукција).
Настапот во емисијата na MТВ беше мала телевизиска промоција и најава за видео записот кој во наредните денови ќе биде пуштен во етер.
Зад режисерската палка на Дејан Миличевиќ на неколку локации низ Белград викендов се снимаше новиот видео запис со кој пејачот Јоце Панов ќе ја промовира новата приказна околу својата кариера.