Нов сингл на Слаткаристика во соработка со Ферус и Тајзи
Објавено: 26 јуни, 2014, во 11:18 часот
По едногодишна пауза, Слаткаристика има нова песна “Дими Џам” која вечерва ќе биде промовирана со видео запис на неговиот You tube канал. Хумористична приказна во негов стил, која ја надополнуваат кралот на дувачките инструменти Ферус Мустафов и Тајзи.
Покрај Слаткаристика и неговите гости, во спотот ќе видите многу интересни ликови и улоги, а на овој музички проект се приклучи и Александар Саша Рајковиќ, со неговиот инструмент- Тромбон на кој свири долги години во бендот на светски познатиот музичар Горан Бреговиќ.
Спотот е работен во продукција на Иноватива, режија на Владимир Дади Ивановски и асистенција на Дарко Манасијески. Јован Јованов е автор на песната, а истата се снимаше во студиото Јованови.
Оваа поинаква, интересна песна со балкански призвук со видео записот ќе ја чуете/видите вечерва.
