Тајзи ја продолжува летната турнеја по успешниот хуманитарен концерт во Куманово!

Објавено: 9 јули, 2014, во 10:29 часот

Изминатиот викенд Тајзи го преполни Центарот за култура во Куманово. Повод- хуманитарен собир со негов концерт на кој беа собрани над 100.000 денари за лекување на Ивана Величковска која боледува од леукемија.

Тајзи на настапот упати и апел до сите негови сограѓани и пошироко, доколку се во можност да донираат и со вртење на бројот 143 144 на Т-Мобиле и 143 772 на операторот ВИП.

По Куманово, Тајзи ја продолжува неговата концертна турнеја со следниот настап овој викенд, во Аква Парк-Пробиштип.

 

Летово ќе биде доста активно за овој артист, а до сега закажни се негови гостувања во Охрид, Струмица, Претор, Дојран и други. Очекувајте го Тајзи и во Вашиот град!

Во продолжение погледнете слики од Хуманитарниот концерт во Куманово.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.