Ноне: Што ќе ми е дечко?
Објавено: 17 јули, 2014, во 06:02 часот
Немам дечко и нема да имам додека не наполнам 30 години, вели за Вест пејачката Ноне Неделковска, која сега има 28 години, а веќе втора година работи на брод и крстосува низ светот.
Токму работата е причина Ноне овие години да не размислува за приватниот живот, туку за печалење пари и шетање. Иако веќе не е активна со песната, сепак, најавува дека идниот месец ќе дојде на одмор во Македонија и ќе сними песна.
