Слаткаристика снимаше спот во ромско гето

Објавено: 5 ноември, 2014, во 09:52 часот

Слаткаристика изминатиот  викенд го помина работно во соседна  Бугарија. Во четвртокот одржа концерт во клубот “Play House“,  наредниот ден снимаше видео запис во Ромско гето во Софија.

Од неодамна,  преставници на youtube каналот на Слаткаристика станаa Германската куќа со преставништво во Софија – “Facing The Sun“. Највлијателниот Македонски  хип хоп артист стана дел од едицијата спотови “One Shot“  со негова нова песна насловена Бумеранг.

 

На музиката и аранжманот  работеше веќе проверениот продуцент Iwayo, видео записот беше под продукција на “Facing The Sun“ истите се предвидени  да излезат втората половина на месец ноември. Од Иноватива Груп велат дека ова парче и видео записот се уште еден поинаков и креативен пристап  на  Слаткаристика. Во песната и видеото публиката ќе може да слушне и види многу сатира, хумор, базирана врз основа на текстот од новата песна на Слаткаристика.

Во продолжение може да погледнете неколку фотографии кои ја доловуваат атмосверата од настапот на Слаткаристика во Клубот “Play House“ и неколку фотографии од снимањето на видео записот за новата песна на Слаткаристика  – Бумеранг.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.