Во Икс фактор, Масимо и Јоксимовиќ, ги избраа своите финалисти
Масимо и Жељко ги одбраа своите финалисти со кои ќе продолжат во настапите во живо во втората сезона на Х Фактор.
Групата постари од 27 на Масимо Савиќ се претстави пред својот ментор, на кого гостинка му беше популарната Нина Бадриќ. Со нејзина помош тој ги одбра своите тројца финалисти Амел Ќуриќ, Никола Марјановиќ и Јелена Ѓуриќ.
Жељко Јоксимовиќ со помош на продуцентот Мирко Вукомановиќ ги одбра своите три финалистки од групата девојки под 27 години. Под негово менторство натпреварувањето во настапите во живо ќе го продолжат Катарина Симиќ, Магдалена Богиќ и Ива Ќуриќ.
Нашиот претставник во групата на Масимо, Алмир Исмаили, за жал не успеа да се избори за место во понатамошното натпреварување.
Во следната епизода ќе видиме кои тројца кандидати ќе ги одберат Александра и Тончи, а во групата на Александра, односно момци под 27 години, има двајца претставници од Македонија, Боби и Давид.