Почина кантавторот Драган Каранфиловски Бојс
После долгу години лекување, на 59-годишна возраст почина Драган Каранфиловски-Бојс, кантавтор и творец на евергрините – „Опасно сум вљубен во тебе“, „Бели нарциси“, „Валерија“, „За мене најдобра“, „Лулај ме нежно“, „Зелен шал“, „Парижанка“, „Весела романтика“, „Афричко лето“.
Неговата „100 посто те љубам“ (XXL), со која Македонија учествуваше на „Евровизија 2000“, е несомнено една од најуспешните песни со која Македонија се претстави на овој фестивал
Веста за неговата смрт ја соопшти неговата ќерка Верица на својот Фејсбук-профил, пишувајќи: „Саканите луѓе не умираат, тие живеат во нас. Почивај голем човеку, душа наша!“
Како признание на неговото долгогодишно творештво минатата година, Драган Каранфиловски – Бојс ја доби наградата на манифестацијата „Златна бубамара“ за животно дело.