Елена Ристевска ја промовираше песната „Доживотно“ на ИКС Фактор
Покрај настапите на учесниците кои се борат за победата на овогодинешниот Икс Фактор, имавме можност вчеравечер да ги проследиме и изведбите на специјалните гости на шоуто САРС и нашата драга Елена Ристеска.
Убавата Елена, која со учеството во шоуто „Твоето лице звучи познато“ ги освои срцата на публиката од целиот регион, ја претстави својата нова песна од авторот Александра Милутинович, „Доживотно“, отпеана на српски јазик.
Eлена за песната вели: „Песната е многу емотивна и кога првпат ја слушнав ме остави без здив. Сјајниот Дарко Димитров го направи аранжманот. Направивме две верзии, на екс-ју јазик и на македонски. Чест ми е да гостивам на Икс Фактор, приватно многу сакам ваков тип на емисии, знаејќи дека и самата пред тринаесет години победив на слично натпреварување во Македонија и тогаш започна мојата кариера“.
Настапот на Елена можете да го видите на овој линк https://www.youtube.com/watch?t=164&v=i58pD2x91IA