Боби Мојсовски обезбеди пласман во суперфиналето на Икс Фактор Адриа

Објавено: 15 јуни, 2015, во 07:08 часот

Синоќешната полуфинална вечер на Икс Фактор Адриа беше уште едно изненадување за сите! Во вечерта на тема „Песна со посвета“ полуфиналистите одбраа песни кои им лежат на срце и со кои сметаа дека најубаво ќе се претстават себе си и ќе ги освојат гласовите за влез во суперфиналето на регионалното шоу.

„Counting Stars“ која Боби Мојсовски ја посвети на неговите родители, се покажа како добар потег. Со многу пофалби од жирито и доволно гласови од публиката тој си обезбеди место во Конбак арената следната недела.

Помалку среќни избори направија Антонио и Аднан и Тарик. Антонио излезе директно од натпреварувањето бидејќи доби најмала поддршка од публиката, а Аднан и Тарик се бореа наспроти Магдалена со песната за спас. Жирито, сепак, не можеше да одолее на неверојатниот вокал на Магдалена и се одлучи таа да застане во редот со суперфиналистите следната емисија.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.