Адел не и се враќа скоро на музиката
Издавањето на долгоочекуваниот нов албум на Адел може да биде одложено, бидејќи ѕвездата размислува да роди повторно. Пејачката веќе има 2-годишен син Анџело заедно со својот партнер Сајмон Конеки , поради кого во моментов е во креативно отсуство.
Близок до добитничката на “Греми” сподели:“Адел даде до знаење дека сака најмалку уште едно дете, па дури и веќе почнува да се размислува. Таа поминува низ различни фази – од целосно инспирирана од третиот албум до тоа дека сака да има уште деца и да живее нормален живот “ .
27-годишната пејачка го издаде својот најнов албум “21” во 2011 година, но сѐ уште одбива да открие кога ќе биде подготвен новиот многу очекуван музички проект.
Пред некое време се зборуваше дека Адел треба да се врати на сцената во текот на есента и фановите беа многу охрабрени од овие гласини.