(ВИДЕО) Промовирана песната што ќе ја претставува Македонија на „Евросонг 2018“ во Лисабон
Објавено: 12 март, 2018, во 09:09 часот
Годинашниот претставник на земјава на Евросонг, мелодијата „Lost and Found“, во изведба на бендот Eye Que, беше промовирана во Дневикот на МТВ1.
Музиката и текстот за песната ги напиша фронтменот на Eye Que, Бојан Трајковски, а аранжманот е на Дарко Димитров.
Режисерот на спотот е Јован Коцировски, додека огромен тим бил задолжен за тој да изгледа беспрекорно бидејќи е снимен во еден непрекинат кадар.
„Евросонгот 2018“ ќе се одржи во Лисабон.
{vembed Y=hJ8vStigz7k}
