Даниел е во супер финалето на X – Фактор!
Eмотивната балада „Unchained Melody“, напишана пред скоро седум децении синоќа ја изведе македонскиот преставник на Х – Фактор, Даниел Кајмакоски. Таа му обезбеди место помеѓу петмината учесници во супер финалето на музичкиот натпревар.
Од настапот на Кајмакоски не беа воодушевени Кристина и Емина додека публиката не се согласи со нивното мислење.
Даниел соопшти дека песната сам ја одбрал бидеќи е голем љубител на филмови и веднаш му паднала на памет токму оваа песна кога дознал дека темата ќе биде “Филмска Музика” бидејќи нему филмот Ghost (1990), му е еден од омилените.
Песната е стара”, рече Кики Лесендриќ, “Но, твојот глас е сосема млад, разигран, навистина прикладен настап и за тебе нема страв дека ќе бидеш голема ѕвезда, како што можев да видам и минатата недела, кога бевме заедно во Скопје”, додаде тој.
„За мене, оваа песна е здодевна, тоа е главниот проблем. Како што и ние тука бевме неколку пати досадни па луѓето менуваа канал, така и оваа песна ми е здодевна. Сепак, ти беше одличен и тоа не може да се негира”, рече за крај Жељко Јоксимовиќ.
Александра Брковиќ, како натпреварувач со најмал број на гласови, автоматски го напушти шоуто, додека Алекса Перовиќ и Маид Хеќимовиќ влегоа во вечерашниот музички двобој. Бидејќи жирито не можеше да се согласи кој пејач заслужува да продолжи, одлуката повторно остана на публиката. На крајот гласовите на гледачите го испратија Перовиќ дома.
Даниел, во вторникот вечерта, звучеше вака:
{youtube}https://www.youtube.com/watch?v=xLcmbdUFok4{/youtube}