Новата серија „The Sandman“ на „Netflix“ ги воодушеви критичарите: Ова е ремек дело

Објавено на 9 август, 2022 во 12:09

Новата серија на „Netflix“ насловена „The Sandman“ ги воодушеви и критичарите и публиката доколку може да се суди по рејтингот на „IMDb“ и „Rotten Tomatoes“.

„The Sandman“ се појави на стриминг платформата во петокот и се чини дека ги воодушеви и критичарите и публиката. Серијата моментално има оценка 8,2 на „IMDb“, додека има позитивна оценка од 84% од критичарите и 88% од гледачите на „Rotten Tomatoes“. Серијата е базирана на серијата стрипови на Нил Гејман, а се фокусира на бесмртното олицетворение на човечките соништа – Морфеј.

„Netflix“ ја опишува серијата како „богат спој на модерен мит и мрачна фантазија во која современата фикција, историската драма и легендата се беспрекорно испреплетени“. Тие додаваат дека „The Sandman“ ги следи луѓето и местата на кои влијаел Морфеј, кралот на соништата, додека ги коригира космичките и човечките грешки што ги правел во текот на неговото постоење.

Овој проект чини неверојатни 165 милиони долари, а главните улоги ги толкуваат Том Стуриџ како Сонот, Гвендолин Кристи како Луцифер, Џена Колман како Јохана Константин, а Марк Хамил е гласот на ликот Мервин. Во актерската екипа се и Дејвид ТјулисБојд ХолбрукМејсон Александар ПаркДона ПрестонЏоели РичардсонСтивен Фрај и други.

Критичарите сметаат дека серијата е достојна за култниот стрип

Иако критичарите не се согласуваат за степенот до кој серијата е успешна адаптација на изворниот материјал, како и за квалитетот на главната улога на Стариџ, тие се согласуваат дека серијата вреди да се гледа. Иако очигледно се уште има простор за целосна адаптација на материјалот, серијата на „Netflix“ секако дека го оправда своето постоење, особено во последните пет епизоди.

Љубителите на стрипови исто така се воодушевени од серијата

Гледачите, судејќи според реакциите на социјалните мрежи, се подеднакво воодушевени од серијата.

„Само што ја изгледав првата епизода од долго очекуваната серија „The Sandman“ и сум уште повозбудена да ги гледам останатите. Визуелните елементи, приказната, актерите и многу повеќе. Каков сон“, напиша еден корисник на „Твитер“. „Само што ги гледав првите две епизоди од „The Sandman“. О, боже, прекрасно“, напиша друг. „Гледам колку соврешна серијата „The Sandman“ на „Netflix“. Мојот апсолутен омилен стрип доби убав, точен, но и оригинален приказ“, коментираше трет корисник.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.