Оваа пештера во Кападокија е вистински хит: Дали би престојувале тука?
Објавено на 26 септември, 2022 во 10:27
Дали станува збор за мир и совршена тишина кои што таа ги нуди или пак само за престиж? Спијте мирно и скриено како бебе – во вистинска пештера. Хотелот „Коза Кјев“ е еколошки хотел од 10 спални соби во срцето на Кападокија во Турција.
Десетте соби се наместени луксузно, со брачни кревети, туш кабини и сауни кои што нудат вистински одмор од вревата. Секоја соба има бесплатен интернет, влечки, вода за чај или пак кафе. Оделни соби имаат и камини, како и приватни тераси.
Туристите од целиот свет едноставно го обожаваат овој хотел, кој е исклучително фотогеничен, сокриен и мирен. Пештера-хотелот нуди се што му е потребно на современиот човек.