Патничка аптека – задолжителен дел од багажот за летни одмори
Сите со нетрпение ги очекуваме летните одмори, а она што дефинитивно може да ја наруши нашата радост се здравствените проблеми што можат да ни се случат додека сме на летен одмор. Затоа е важно покрај редовниот багаж, да не се заборави и патничката аптека.
Прво што треба да ставите во вапата патничка аптека се апчиња против гадење за време на патувањето, за мали деца и бремени жени, може да се користат лижавчиња од ѓумбир, пред патувањето да започне и да се обновува на секои 3-4 часа ако патувањето трае подолго.
Следното нешто е антипиретик во таблети за возрасни, и како сируп за деца, кои помагаат при треска и болка. Потоа антихистамин кој помага при алергии. Пробиотиците треба да се започнат неколку дена пред патувањето и да се користат во текот на летото за превенција или третман доколку се појават проблеми со стомакот. Кога одите во некои повеќе егзотични земји, би било добро да земете со себе апчиња против дијареја.
Прва помош кај повреди. Во случај на мали повреди гребаници, рани или изгореници, носете антисептик за рани најсоодветен е во облик на спреј, пакет стерилни гази, завои и фластери и маст или гел против изгореници, јод, хидроген 3 отсто, антибиотски крем. За болки настанати на овој начин, на детето може да му дадете бруфен или парацетамол. Исто така, пожелно е да имате и гел за локална примена и еластичен завој како прва помош до евентуалната интервенција на лекарот, ортопед.