Слушнете ја новата песна „Чедо најмило“ на Сашко Митев (видео)

Објавено на 22 февруари, 2023 во 11:42

На почеток од месец февруари, струмичанецот Сашко Митев го објави својот нов видео спот за песната „Чедо најмило“. Комплетен автор за оваа песна е Мендо Ташоски. Видео записот е снимен на неколку локации во Скопје и во истиот покрај пеачот и инструменталистот Сашко се појавува и неговата ќерка Лина. Додека, како инструменталист на кларинет се појавува Влатко Терзиски.

-Во песната е опеана љубовта спрема нашите најмили, т.е. нашите ЧЕДА. Сакав на сопствен и најдобар начин да ја преточеам лубовта кон нашите чеда во мелодија со ноти и музика, рече Митев.

Песната „Чедо најмило“ е снимена во студио во Прилеп.

Инаку, Митев вработен е во НУ Ансанбал „Танец“ во Скопје.

Во продолжение слушнете ја песната и уживајте:

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.