Во Босна поставено велигденско јајце високо 2,6 метри
Објавено на 18 април, 2022 во 12:33

Велигденско јајце високо околу 2,6 метри беше поставено на централниот плоштад во Травник, Босна и Херцеговина, по повод Велигден.
Велигденското јајце кое, според локалните медиуми, е најголемо во Босна и Херцеговина, а можеби и во регионот, е високо околу 264 сантиметри, а широко 204.
Идејата беше да има поголеми димензии, но техничките можности на просторот во кој е направен тоа не го дозволувале, пишува Н1.
Биле потребни неколку месеци напорна работа за да се изработи и бојадиса, особено поради обликот кој е исклучително тежок за изработка.
Јајцето го привлекува вниманието на минувачите, а многу од нив ја користат приликата да се фотографираат.
