Неколку корисни совети за „пресните“ родители
Кога станувате родители мислите дека многу работи можат да му наштетат на вашето дете.Ние ве потсетуваме на некои од најважните од нив на кои задолжително мора да внимавате!
1. Внимавајте на ќилимите
Ќилимите понекогаш можат да бидат совршено место за насобирање мувлија и габи. Доколку никако не успевате да го отстраните непријатниот мирис, без разлика колку чистите, можно е тоа да се должи на старите и мувлосани ќилими. Во тој случај, најдобро е да ги фрлите и да набавите нови. Без разлика колку тоа ќе ве чини, запомнете дека мувлијата и габите можат да бидат многу опасни за здравјето на вашето дете.
2. Раствори за освежувачи на воздухот
Освежувачите што се приклучуваат во штекер се исклучително практични, но во исто време можат да бидат и штетни за здравјето, особено кога се работи за малите деца. Ако прерано го дупнете пакетчето со масло кое се става во уредот, маслото ќе се најде на вашата кожа. Тоа може да предизвика несакана реакција, исфрлање, осип, итн. Но, колку и да е лоша реакцијата кај вас, кај вашето дете може да биде полоша, поради далеку послабиот имунитет. Затоа, многу внимателно ракувајте со уредите и ќесичките со растворот за освежување.
3. Средства за чистење со амонијак
Амонијакот е присутен во средствата за чистење со децении наназад, но многу е важно да не ги чувате производите на места каде што вашите деца можат да ги дофатат. Овие силни средства за чистење можат да предизвикаат посериозни респираторни проблеми доколку биде вдишано испарувањето од нив. Дополнително, при контакт со кожата може да дојде до силни алергиски реакции. Бидете внимателни.
4. Паста за заби
Дури и најпознатите брендови пасти за заби можат понекогаш да содржат траги од токсични материи или вештачки засладувачи кои вообичаено не би ги внеле во своето тело. Затоа, кога бирате паста за своите деца, внимателно разгледајте ги состојките. А, ако сте во можност, одлучете се за органска или хербална паста, како побезбедни алтернативи.
5. Отровни состојки во средства за полирање мебел
Вашето здравје (а особено здравјето на вашите деца) може да биде нарушено од уште едно средство што се користи во домаќинството – средството за полирање. Особено бидете внимателни за време на чистењето и контролирајте ја количината што ја користите, претераната изложеност на испарувањето од овие средства може да предизвика и посериозно труење. Во таков случај, побарајте помош од лекар.
