Во Британија, на десетото место најбаран подарок од Дедо Мраз е ТАТКО!
Едно истражување во Велика Британија открива дека „татко“ е на десетото место на листата на најбарани подарок од Дедо Мраз.
Според ова истражување, многу деца се подготвени да заборават на најновиот ајпад, играчки, чоколада или домашни миленичиња, само да можат повторно да имаат татко кој ќе се грижи за нив.
На прво место на листата на најбарани подароци, исто така би можело да биде изненадување за многу родители, затоа што на него се наоѓаат брат или сестра.
На второто место е вистински Елен, а на трето вистински коњ, додека на четврто некако неочекувано е автомобил.
Истраувањето во кое биле вклучени деца на возраст помеѓу четири и дванаесет години покажало дека децата најмногу бараат и кучиња (5), чоколада(6), и лижалчиња(7). Додека на осмото место е снег, на деветото куќа.
Помеѓу педесет најбарани подароци седумнаесет се однесуваат на домашните миленичиња и други животни, магариња, пилиња, па дури и слонови.
На листата се појавуваат и чисто материјални работи како што се ајфони и ајпади. Оние со најголеми соништа бараат машина за пат низ времето. Едно дете ја посакало Ева Лонгорија, а друго пејачите од групата „One Direction“.
Mајката како подарок за Божиќ го заземала 23 тото место на листата.