Хотели со најскапо мени!
Ако некогаш сте се запрашале, кои хотели го имаат најскапото мени на светот и што тоа мени нуди, одговорот ќе ви го дадеме Ние.
Ова е список од хотели кои ги имаат најскапите оброци на светот, и ретко кој може да си ги дозволи.
Омлет со јастог
За илјада долари хотел Le Parker Meridien го нуди најскапиот омлет со јастог. За една порција се користи шест јајца, јастог и скоро 300 грама Севруг кавијар. За оние кои не се спремни да ја кешираат оваа сума за еден појадок, постои и половична варијанта – омлет со јајца, јастог и 30 грама кавијар, и сето тоа за само 100 долари.
Пијалок од 10.000,00 долари
Хотелот Алгонквин во својата понуда има пијалок од 10.000,00 долари! Станува збор за мартини со мраз, но тој не се сервира со маслинка, туку со дијамант. Пијалокот се послужува во сребрен послужавник, а келнерот задолжително носи бели нараквици. Доколку сакате да уживате во овој пијалок, мора да го нарачате 72 часа порано.
Хамбургер со црни тартуфи
Најскапиот хамбургер на светот се прави во “Mandalay Bay Resort & Casinо”. Овој хамбургер го создал познатиот шеф Хубарт Келер, а сите кои ќе го пробаат овој хамбургер добиваат официјална потврда дека го пробале. Хамбургерот се прави од говедско со неколку додатоци како и црни тартуфи, а цената може да достигне и до 5.000,00 долари за порција, доколку со него се сервира и квалитетно вино.