Погледнете како изгледа Марс навечер!
Американската агенција НАСА ги објави првите фотографии на планетата Марс направени ноќе. Погледнете ги!
Фотографиите се настанати со помош на ЛЕД ламби – ултравиолетови и бели, а направени се на 22 јануари, со камера MAHLI (Mars Hand Lens Imager), која се наоѓа на крајот на роботска рака, долга два метри.
Сликите се направени одкако леталото слетало на црвената планета. На нив можете да видите камен на кој научниците му дале посебно име, а во ова подрачје леталото ќе започне да ја буши површината на Марс.
Научниците наведоа дека го осветлиле каменот со ултравиолетовата светлост за да се види дали на него има траги од флуросцентни минерали.
„Ако нешто на сликите даваше зелена, жолта, протокалова или црвена светлина тоа би бил јасен фактор на флуросценција“, истакнаа научниците од НАСА.