Нема повеќе сликање храна во рестораните!
Замислете ја ситуацијава: Се наоѓате во штотуку отворен ресторан. Храната конечно пристигнува, а вашата пријателка не чека ни секунда зема мобилниот го фотографира јадење го закачува на Инстаграм и започнува да јаде. Ви звучи познато?
Откако овој тренд се прошири, некои ресторани го забранија фотографирањето на храната која ја нарачуваат гостите. Луксузните ресторани Момфук и Пер Се од Менхетен веќе започнаа да го спроведуваат овој режим.
Причина?
Целосно го уништува амбиентот, а да не го спомнуваме и непочитувањето кон пријателите и останатите гости кои се наоѓаат на масата.
Нема ништо лошо во фотографирањето на храната, но закачувањето на Инстаграм или Фејсбук профилот е малку претерано.
Што мислите за оваа забрана, треба ли да се практикува и кај нас во Македонија?