Два пати добил на лотарија за четири месеца!
Објавено на 4 февруари, 2013 во 14:50
Еден Американец од Јужна Каролина два пати ја освоил главната награда во игри на среќа во рок од четири месеци.
Дечко од Америка, кој сака да остане анонимен, два пати добил по 200.000 долари на грепки на среќа.
Првата награда ја добил во септември кога купил грепка „Colour of Money“ на бензинска пумпа.
„Само влезе и кажа дека добил 200.000 долари. Не скокаше од среќа. Јас сигурно би скокала горе – доле и би вриштела од среќа“, вели касиерката на бензинската пумпа.
По четири месеци, среќниот добитник повторно купил грепка и повторно го изгребал џек потот, но не на истата бензинска пумпа.