Започна карневалот во Венеција!
Објавено на 4 февруари, 2013 во 14:58
Илјадници љубители на маските и самата уметност секоја година се собираат на карневалот на маските во Венеција.
На плоштадот „Свети Марко “ во Венеција, илјадници луѓе со маски доаѓаат да уживаат во овој фестивал, кога една девојка се спушта од базиликата Сент Маркс како симболичен гест.
Со ова се симболизира спуштањето на ангелот на земјата, а оваа година таа чест ја имаше 20-годишната Марта Финото.
Ова е прекрасна и романтична традиција, а градот се разубавува од туристите кои доаѓаат со своите маски да прошетаат низ Венеција.
Карневалот ќе трае до 12 февруари, а се одржува секоја година.