Фасциниран од дебелите жени направил серија фотографии кои го шокираа светот!
Италијанскиот фотограф Јоси Лолои ја шокираше публиката со својот проект кој представува збирка фотографии на значително дебели жени без облека. И додека некои луѓе од неговите фотографии добиваат гадење, тој тврди дека полните жени од секогаш го фасцинирале.
Жените веднаш прифатиле да се разголат пред Јоси Лолои, при што во разни пози се фотографирале.
„Кога ќе се сретнете со нешто ново имате две опции, или да бидете радознали, или да останете на ниво со предрасуди. Јас сакав да дознаам повеќе за дебелите жени и така се разви потребата за да ги фотографирам“, објаснува Јоси Лолои од Милано.
Неговите модели доаѓаат од разни делови на Америка и Европа. Повеќето од нив, како што вели тој, веднаш прифатиле да се сликаат без облека, затоа што нивните верувања се поколпувале со неговата теорија.
„Некои од жените работат како еротски модели, а другите само сакале да видат какво е чувството да се биде гол пред објектив. Со секоја од нив поминував одредено време пред сликањето, разговаравме и им помагав да се опуштат“, додава фотографот.
Овој проект е започнат уште пред шест години и до ден денес има позитивни реакции.
„Сметам дека веќе стивнуваат предрасудите за дебелите жени, не е како што беше порано. Сега и модните списанија често ќе објавуваат фотографии со жени со облини“, раскажува фотографот.
Лолои решен е да ги сруши сите предрасуди, и е среќен што луѓето почнале да разбираат дека секој човек може да биде убав.