Зела автомобил на пробно возење и ограбила банка!
Гејл Кесл од Калифорнија зела еден „крајслер“ од 1987 гдоина на тест-возење.
На сопственикот по пат, му рекла дека треба да одат до најблиската банка за да подигне пари и да му исплати 2.200 долари за автомобилот.
Се паркирала, излегла и отишла до банката. Сопственикот чекал околу десет минтуи, а потоа Гејл брзајќи се вратила, влегла во возилото и заминале во нејзиниот стан.
Додека ставале пијалок да наздрават за успешната купопражба, на вратата зазвонила полиција. Се покажало дека Гејл, наместо да „тркне“ до банкоматот, влегла во банката и и дала на работничката на шалтерот порака:- Ова е грабеж, не сакам никого да повредам, дајте ми ги сите пари од касата.
Таа е уапсена, а за сопственикот на „крајслерот“ чие име не е објавено, полицијата рече дека незнаел за тоа што направила Кесл и е пуштен.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=sMuRshZsYvg{/youtube}