ФОТО: Нова атракција во Дубаи – огромна цветна градина која го одзема здивот
Објавено на 5 март, 2013 во 12:49
Не, не сонувате. Оваа неверојатно голема и колоритна градина цвета во пустинската клима на Дубаи, привлекувајќи ги посетителите кои сакаат да искусат силно сетилно воодушевување.
Најголемата туристичка атракција во овој регион е наречена „Дубаиско чудо од градина“ (Dubai Miracle Garden) и се состои од 45 милиони цвеќиња наредени во вид на мозаици, разни шари и форми. Биле потребни 60 дена и 400 луѓе за да се креира градина со површина од 67.000 метри квадратни. Градината се отворила за Денот на вљубените, а за неа се потрошени околу 11 милиони долари. Погледнете ја преубавата галерија.