На пензионер му продале ласици наместо кучиња
Објавено на 9 април, 2013 во 09:07
Пензионер од аргентинската покраина Катамарка се шокирал кога дознал дека наместо две „кучиња со педигре“ всушност купил две ласици, на кои по раѓањето им биле давани стероиди за да добијат на големина и крзно.
Несреќниот купувач го привлекла цената од 150 долари за две кучиња во Аргентина наречени „бразилски стаорци“, но кога своите миленичиња ги одвел кај ветеринар на вакцинација го изненадила информацијата дека всушност купил ласици, пишува британски „дејли меил“.
Сличен случај се случи и кога жена од Буенос Аирес била доведена во заблуда – сакала да купи чивава, а дома донела ласица. Цената на овие домашни миленичиња во САД се движи од илјада долари па нагоре, додека ласицата чини само околу 75 долари./В.Р